Џафери од Еко Герила – Наместо во изолација Арифи ги предводи кризниот штаб на Општина Тетово

0
27
Аријанит Џафери преку неговиот Фејсбук профил обвини за неодговорно однесување на градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која како што напиша треба се уште да биде во изолација, но таа денеска ги предводела Кризниот штаб на Општина Тетово.
Подолу во целост е реацијата на Џафери објавена на неговиот Фејсбук профил.
-Луѓето кои се позитивно на СОVID-19 треба да останат во изолација најмалку 10 дена, но дури и подолго во зависност од симптомите што ги имаат. Денес е 10 -тиот од изолација за Теута Арифи (тестирана на 13 август, потврдена на 14 август) и таа требаше да биде дома, но со целосна неодговорност, таа денеска (23.08) го предводеше состанокот на Кризниот штаб со физичко присуство во објектот на Општина Тетово. Здравствен Инспекторат? Полиција? Дали некој ги контролира силните во градот, или правилата и казните важат само за слабите?!
Што е со (не) одговорноста на градоначалничка каде започнува и каде завршува?!? Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë Министерство за внатрешни работи Венко Филипче,