Нефи Усеини советникот на ДУИ во општина Охрид денеска ќе поднесе оставка од ова функција. Информацијата за неговата оставка, за „Слободен печат“ ја потврди самиот Усеини.
– Точно е дека денеска ќе поднесам оставка од функцијата општински советник на општина Охрид. , изјави Усеини за „Слободен печат“, без да образложи кои се причините за ова одлука.
Усеини беше советник и во претходниот состав на општинскиот совет, но лани поднесе оставка.