По инцидентот пред Бугарската амбасада во Скопје најавена блокада на граничните премини со Бугарија

0
15

Бугарската фондација „Македонија“ најави дека во недела ќе организира двочасовна блокада на граничните премини меѓу Бугарија и Македонија.

Според организаторите, протестот ќе се одржи на премините Деве Баир, Делчево и Ново Село.

Повод за акцијата е инцидентот пред Бугарската амбасада во Скопје, каде беа запалени две возила со дипломатски таблички.