Бугарската фондација „Македонија“ најави дека во недела ќе организира двочасовна блокада на граничните премини меѓу Бугарија и Македонија.
Според организаторите, протестот ќе се одржи на премините Деве Баир, Делчево и Ново Село.
Повод за акцијата е инцидентот пред Бугарската амбасада во Скопје, каде беа запалени две возила со дипломатски таблички.









