Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента

0
148
Screenshot

Две патнички моторни возила директно се судриле на патот Штип -Пробиштип, откако едното во обид да избегне пламени наноси од пожар, преминало во спротивната сообраќајна лента.

Според првичните информации, возилото кое се движело во насока кон Штип се обидело да избегне пламени наноси навлегло во спротивната лента и директно се судрило со друго возило кое се движело во таа коловозна лента.

Во несреќата повредени се повеќе лица, кои веднаш се пренесени во болница за укажување на лекарска помош.

Дополнително, неколку лица се повредени од вдишување чад и се пренесени за укажување на лекарска помош, додека на терен се регистрирани нови жаришта на пожари во селата Ратавица, Неокази и на местото викано Глобица.