Грција ги замрзнува цените во супермаркетите во пикот на туристичката сезона

0
18
Screenshot

Грчката влада најави замрзнување на цените во супермаркетите во текот на летните месеци, со цел да се спречат поскапувања на основните прехранбени производи во туристичката сезона.

Според министерот за развој Такис Теодорикакос, големите производители и синџирите маркети се согласиле да не воведуваат нови зголемувања на цените во следните два месеци.

Мерката следува по владини состаноци со прехранбената индустрија, а како дел од планот остануваат и веќе намалените цени на околу 2.000 производи.

Владата најавува и дополнителни намалувања на цените од септември, како дел од поширок пакет мерки за намалување на трошоците за живот.