УЖАС – ИЗЛЕГОА ИНФОРМАЦИИТЕ: ГОСТИВАРЦИ ПИЕЛЕ вода која содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

0
45
Screenshot

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите од земените мостри од Институтот за јавно здравје, кои што вечерва ги сподели Основното јавно обвинителство. Пумпите во Гостивар кои влечеле отпадна вода во централната водоводна мрежа од која пиеле граѓаните биле поставени на 26 јуни 2026 година, а престанаа да работат кога Обвинителството почна истрага, на 16 јули. Сите тие 20 дена, гостиварци пиеле вода со фекалии, се туширале со неа, ја употребувале во домаќинството како техничка вода итн.

По наредба на јавен обвинител, Институтот за јавно здравје изврши анализи на земени примероци од површинската вода од отворениот канал при што е констатирано дека водата е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена поради присуство на колиформни бактерии од 2419,6 cfu/100 мл наспроти максимално дозволените 50 cfu/100 мл а во примероците земени од каптиран извор е констатирано дека водата има зголемен број на аеробни мезофилни бактерски колонии како и наод на колиформни бактерии каде во референции треба да има 0 cfu/100 мл додека во водата се пронајдени 39 cfu/100 мл. Поради високата загаденост водата станала неупотреблива и не е безбедна за употреба и консумација од страна на луѓето, велат од ОЈО