Mакедонците во Aлбанија бараат поддршка од Mакедонија по засилената бугарска пропаганда

0
297

Политичките претставници на Македонците во Албанија ги седнаа на заедничка маса македонската позиција и опозиција. Во Корча на средбата им порачаа дека агресивната бугарска асимилација во Албанија е директно поддржана од албанските власти, а положбата на Македонците е крајно незавидна

Грижата за Македонците во Албанија е национален интерес, а тоа го потврдува присуството на власта и опозијата, рече Васил Стејровски претседателот Македонската алијанса за европска интеграција. Мораме да се одбраниме од насилната агресивна бугарска политика и ова не е само политичка туку борба за опстанок.

На средбата беше претставена и Националната стратегија за заштита на македонското национално малцинство во Албанија. Преку неа меѓу другото се бара признавање на правата на Македонците во сите региони каде што живеат, како и отворање на училишта на Македонски јазик.

Од Македонскот министерство за надворешни работи најави мерки, но и соработка со Албанската влада за подобрување на состојбата со Македонците во Албанија Македонската позиција и опозиција со подршка за македонскот малцинство.

На средбата присуствуваа преставници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Демократскиот сојуз и Левица ,како и македонскиот амбасадор во Тирана. Пред неколку дена делегација на единствената политичка партија на Македонците во Албанија беше примена од претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. На средбата, укажале на состојбите на македонското малцинство, истакнувајќи дека се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација коишто го загрозуваат нивниот национален и културен идентитет.