Алиу најави можност лекар да може да евидентира во систем доколку забележи пациент што претрпел насилство, а не го пријавил

0
112

Анализите покажуваат дека, освен семејно насилство, има и институционално насилство во системот – изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешната собраниска седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на која се разговара за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт.

Планираме со Комората на лекарите во текот на лиценцирањето на лекарите да има еден модул што ќе биде многу повеќе фокусиран на насилството во здравствените институции и навреме да ги откријат – информира министерот за здравство.

Со Комората на лекарите било во план, кога ќе се даде лиценцата, таа да ги содржи потребните обуки.

– Заедно со Министерството за образование и наука дефинираме кои треба да бидат протоколите и материјалите на академско ниво, во текот на студиите или на ниво на средно училиште. Националниот регистар, потенцирам, е многу значаен и ние работиме во овој дел за подигнување на инфраструктурата за националниот регистар – посочи Алиу.