Зоран Ристоски избран за директор на МРТ, јавниот сервис според Левица останува партиски плен

0
103

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) ја информираше јавноста дека Зоран Ристоски е избран за нов директор на јавниот сервис. Одлуката е донесена по спроведена постапка во која наводно пресуден бил квалитетот на понудената програма за работа, иако во јавноста со месеци се вртеше информацијата дека токму тој ќе биде избран на оваа функција.

Програмскиот совет појаснува дека за раководната позиција биле разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури, а со цел да се обезбеди непристрасност, изборот се одвивал според специфичен принцип на анонимност.Сите програми за работа биле доставени под шифра, без членовите на Советот да имаат увид во идентитетот на кандидатите.Откако била утврдена најдобро оценетата програма, бил отворен ковертот за да се открие името на кандидатот зад неа.