Алиу: Скопскиот клинички центар ќе добие најсовремен паркинг на почетокот на следната година

0
115

Децениски стар проблем – нови ветувања. Паркингот на најголемиот комплекс клиники ќе биде решен во првата половина од 2026-та година.

Ова е последната во низа изјави на министерот за здравство за решение на сообраќајниот хаос со кој секојдневно се соочуваат пациентите и вработените во „Мајка Тереза“. Алиу тврди дека веќе се завршени административните процедури, земјиштето е префлерно во државна сопственост, а во план е и изградба на катна гаража.

Исто како и паркингот така и децниски најавуваниот нов клинички центар и натаму е само во фаза на идеи. Една од последните идеи е да биде лоциран во Градската општа болница „Осми Септември“.

Новиот клинички центар исто како и паркингот се децениски проекти кои никогаш до сега не беа реализирани, а се клучни проекти за подобрување на условите за пациентите во здравствениот систем.