Нема нови заразени припадници на армијата со шуга, но состојбата се следи, велат од АРМ денеска, откако пред неколку дена кај двајца професионални војници од велешката касарна е дијагностицирана кожната болест а, според извори на ТВ 24, најмалку десетмина се во изолација.
Според сведоштва од професионални војници дадени за нашата телевизија, шугата се појавила поради несоодветни хигиенски услови во касарната во Велес, која е обучен центар и во која пред месец и половина нови професионални војници дадоа свечена заклетва.
Од АРМ овие информации ги оценуваат како лаги и шпекулации.









