Српското Министерство за внатрешни работи соопштува дека две засега непознати лица, со закани со нож и огнено оружје, во раните утрински часови во Белград го киднапирале македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и од него изнудувале пари.
Според официјалното соопштение, киднапирањето се случува во Караѓорѓева улица во Белград, по што осомничените го однеле оштетениот во неговото возило. По полициска потера, возилото е запрено на територијата на општина Рума, каде што полицијата го затекнува Кајмакоски со врзани раце, додека сторителите успеваат да го напуштат возилото и да се оддалечат во непознат правец.









