Бугарите изненадени што навивачите на Шкендија истакнале албанско наместо македонско знаме

0
386

Фудбалерите на Шкендија вечерва го играат натпреварот против Лудогорец во плеј-офот од Лига Европа, а во овој натпревар тетовскиот клуб има поддршка од свои навивачи.

Но, барем според пишувањето на медиумите во Бугарија, тие се изненадени што навивачката група на Шкендија на трибините истакнала албанско знаме.

„За изненадување, навивачите на Шкендија на трибините истакна албанско знаме, место знамето на Македонија“, пишуваат медиумите во соседството.

Ќе потсетиме, Шкендија во Скопје победи со 2-1, а во случај да бидат елиминирани ќе го продолжат натпреварувањето во Конференциската лига.