Жалбата на Обвинителството во Белград е прифатена – одреден притвор за осомничените за насилство во протестите

0
361

Жалбите на Вишото јавно обвинителство во Белград се прифатени и на сторителите на насилство врз полицајци на нерегистрирани јавни собири им е одреден притвор. Со овие одлуки се поништени одлуките на судиите за претходната постапка на Вишиот суд во Белград, кој претходно ги ослободи, дознава Танјуг.

Притвор е одреден за Марко М. (39), познат корисник на Твитер под името „Кристал Мет Дејмон“, бидејќи нападнал полицајци, како и за Вељко М. (27) бидејќи, според агенцијата, го шутнал началникот на полициската станица Вождовац. Одлуките за измена ги донел кривичниот совет на претходната постапка на Вишиот суд во Белград, додека судиите за претходната постапка претходно одбиле да им одредат притвор.