Бугарскиот професор и академик Спас Ташев на социјалните мрежи даде контроверзен совет до македонските камионџии, повикувајќи ги да размислат за извадување бугарски пасоши доколку сакаат да избегнат проблеми со новите правила за влез во Европската унија.
Коментарот следи по протестите на превозници од неколку балкански земји против новите правила на ЕУ, кои се однесуваат на транспортот и влезот на товарните возила во унијата.









