Протестот за поголеми плати на работниците, во организација на Сојузот на синдикати започна попладнево како што беше најавено од пред Работничкиот дом. Учесниците на протестот на овој начин го изразуваат своето незадоволство од висината на платите и бараат зголемување од најмалку 6.000 денари, за минималната да се искачи на 600 евра.
На протестот, како што велат очевидци има неколку илјади луѓе, а забележливо е и присуството на полицијата. Сообраќајот во центарот на Скопје е целсоно парализиран.
Со повиците „Уа“, „Лопови“ и слично, пристутните најпрво застанаа преед Собранието каде што упатени пораки до пратениците кои одбиваат да расправаат за платите на работниците.









