(Видео) Работници од Индија за првпат видоа снег во Прилеп!

0
192

Снежната покривка во Прилеп донесе несекојдневна сцена во кампот на „Бехтел и Енка“, каде што се сместени работниците од Индија ангажирани на изградбата на автопатот Прилеп–Битола, објави порталот „Маркукуле“.

За нив, ова беше прва средба со снег во Македонија, па моментот го искористија за дружба, смеа и уживање во зимската глетка. Дел од атмосферата ја овековечија со видеа, кои потоа ги споделија и на социјалните мрежи.

facebook
Twitter