Во авионска несреќа на аеродромот Парамило во Тачира во Венецуела загинаа двајца патници, а уште двајца беа повредени. Видео објавено на социјалните мрежи покажува како авионот едвај се оддалечува од земјата пред да се сруши.
Авионот паднал на едното крило, а потоа експлодирал. Шокираните сведоци кои го гледале авионот како полетува во близина слушнале вресоци додека авионот горел. Двајца патници загинале во несреќата, а уште двајца биле повредени. Починатите жртви неофицијално се идентификувани како Тони Бортоне и Хуан Малдонадо, според локалниот весник „Ел Национал“. Пилотот наводно ја изгубил контролата врз авионот откако експлодирала гума.









