„Вреди“ нема да бара во Кичево да се гласа за кандидатот на ДУИ

0
278

Коалицијата „Вреди“ нема да побара од своето членство и симпатизерите, во вториот круг во Кичево да го поддржат кандидатот на ДУИ. По шпекулациите во некои медиуми дека партиите на Албанците се обединуваат по етничка линија во општините каде противкандидати се Македонец и Албанец, велат дека тие ги немаат гласовите в џеб за да можат да ги вадат по потреба. Потсетуваат и дека тие веќе побараа Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка по објавените компромитирачки материјали за него кои, велат, го лишуваат од секое морално право да извршува јавна функција.

„Како коалиција, побаравме да се повлече. Тој не го стори тоа и тоа ја прави невозможна секоја јавна поддршка за него. Кичевци сами треба да ја донесат оваа тешка одлука. На нас никој не може да ни „фактурира“ ништо. Одговорноста паѓа директно врз Али Ахмети, кој не најде храброст да го повлече сопствениот кандидат. Ние остануваме доследни на своите принципи и ставови: јавниот морал не се преговара“, велат од коалицијата „Вреди“.