Владата одлучи да ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски, го усвои предлогот и ќе го испрати во Собрание

0
149

„Поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. Неовластено изнесување информации, податоци за судски предмети, со што ја повредил обврската за тајноста на постапката согласно закон. Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед, не постапувајќи согласно обврските предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот“, рече попладнево владината портпаролка Марија Митева, образложувајќи ги причините за одлуката

Владата на денешната седница го усвоила предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, што премиерот Христијан Мицкоски го најавуваше веќе извесен период.