Владата ќе му даде на Град Скопје 70 милиони евра за проектот брз автобуски превоз – БРТ

0
178

Владата на седница донесе одлука за поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот. Ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје.

За владината одлука информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на Фејсбук, нагласувајќи дека Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ.