Внимавајте на пешачки: мобилен и слушалки чинат 40€ – законот важи за пешаци, велосипедисти и тротинети

0
188
Screenshot

Денес е првиот ден од стапувањето во сила на забраната за користење на мобилни телефони и слушалки при преминување на улица.

Може да бидете казнети до 40 евра ако зборувате на мобилен, носите слушалки или правите „скрол“ додека минувате на пешачки премин.

Ова важи како за пешаците, така и за велосипедистите или оние што возат тротинети.

Забранета е употребата на сите електронски уреди што ги расејуваат пешаците.