Медицински досиеја на нови пет пациенти на кои биле вршени кардиолошки интервенции во приватните болници ќе бидат под лупа на комисијата на министерството за здравство која ќе треба да покаже дали операциите биле направени без потреба.
Министерот за здравство Азир Али рече дека завршени се наодите на претходните осум пријавени случаи, но досега се разгледани само од домашната комисија. Странското експертско мислење ќе се чека после изборите.
Домашната комисија вчера имаше состанок заврши со осумте наоди кои ги имаме, имаме уште пет други кои ќе продолжат во вторник, надворешната комисија ќе дојде кога ќе бидеме спремни. Не се правно договорени заради законските пречки, тоа ќе биде после изборите, ќе се потпишувата договорите после избори.
Проверките на хируршките зафати следуваат откако кардиохирургот д-р Сашко Кедев рече дека во приватните клиники во земјава се прават непотребни кардиолошки интервенции со цел да се извлечат пари од граѓаните.
Министерот за здравство Азир Алиу оствари и средба со доктор Кедев на која беше дискутирано за изнесените тврења на кардиохирургот.









