ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Ужас во БиХ: Таткото нокаутиран во сообраќајна тепачка, синот влезе во кола и газеше луѓе

0
1693

Драма се случуваше вчера во градот Трнови во близина на Велика Кладуша, каде што по сообраќајна несреќа, дошло до тепачка, па едниот возач влегол во колата и почнал да ги гази другите луѓе. Според очевидци, во инцидентот учествувале татко и син, а вознемирувачките снимки од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, објави Слободна Босна.

Како што може да се види од снимките, „фолксваген голф“ премина на спротивната сообраќајна лента и се судри со друго возило. По несреќата, од „голфот“ излегоа двајца мажи и по кратко ситуацијата ескалираше.

Најпрво се расправаа, а потоа се степаа со другите учесници во сообраќајот. Според видеата, возачот на „голфот“ во тепачката доби удар и падна долу, по што неговиот сопатник влезе во колата, ја запали и со „полн гас“ возеше кон групата луѓе со кои штотуку се судрија.

Потоа го сврте автомобилот и повторно возеше кон луѓето, при што прегази еден човек.

Очевидци тврдат дека мажите од „голфот“ се татко и син, а синот наводно е малолетник. Мажот во црвена тренерка, за кој се верува дека е таткото, се пресмета физички со другите пред да биде соборен. Кога тој паднал на земјата, неговиот син се налутил и го презел воланот по што возел кон луѓето.