Брзо, лесно и безбедно: Саубермахер овозможи плаќање на комуналните сметки преку мобилна апликација

0
321

Компанијата Саубермахер-Тетово кој успешно работи на собирање и транспортирање на сметот за корисниците овозможи нов начин на плаќање преку мобилна апликација На тој начин граѓаните можат лесно и безбедно да ги плаќаат своите сметки. Апликацијата е достапна на македонски и албански јазик и нуди 24/7 пристап за плаќање, управување со фактури и пронаоѓање на сервисни точки преку GPS, обезбедувајќи поголема удобност и транспарентност за клиентите. Апликацијата може да се преземе на следните линкови: Google Play и APP Store.

Саубермахер, претставен од членот на Управниот одбор и главен оперативен директор г. Андреас Опелт, ќе учествува на професионалната работилница „Создавање зелени работни места во Северна Македонија“, организирана на 12–13 ноември 2025 година од австриското Министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австриската амбасада во Скопје.

Настанот ќе ги обедини претставниците на националните институции, локалните самоуправи, телата на ЕУ и меѓународните организации за да дискутираат за можностите во одржливо вработување и управување со отпад.

Во ноември 2025 година, компанијата започна нова стратегија за односи со јавност насловена „Заедно за почисто Тетово“. Иницијативата има за цел да поттикне отворена комуникација со локалната заедница преку различни активности, меѓу кои кампањи на социјалните мрежи, фото-конкурс, едукативни посети за деца и директна вклученост на граѓаните.
Исто така апликацијата може да се преземе на следните линкови: Google Play и APP Store.

Клучни претстојни активности:

  • кампања на социјалните мрежи Facebook и Instagram,
    • првиот настан „Дијалог со граѓаните“ на 12 декември 2025 година,
    • дистрибуција на информативни летоци до сите корисници на услуги, и
    • кампања за подигнување на свеста преку користење на контејнерите за отпад како комуникациски платформи со QR-кодови и пораки кои поттикнуваат одговорно фрлање отпад.

Дополнително, Саубермахер-Тетово започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад во населбата ‘’Тетовчанка’’. Иницијативата вклучува поставување на контејнери за рециклирање во различни бои на 29 јавни локации и дистрибуција на индивидуални садови за 205 домаќинства.
Овој проект го претставува првиот чекор на компанијата кон воведување на принципите на циркуларна економија на локално ниво и подобрување на ефикасноста во управувањето со отпад во градот.

Со овие активности, Саубермахер-Тетово продолжува да ја демонстрира својата посветеност на еколошката одговорност, транспарентната комуникација и активната соработка со граѓаните и партнерите во изградбата на почисто и поодржливо Тетово.