ДЕЛ ОД СУДИИТЕ ПРЕДЛАГААТ САМИ НА СЕБЕ ДА СИ ЈА ОЦЕНУВААТ ДОБЕРБАТА

0
347

Дел од членовите на Судски совет избрани од Собранието сметаат дека е потребна сопствена анкета за да се провери довербата во правосудството. Не веруваат дека нивната работа ја поддржуваат само два отсто од граѓаните. Се сомневаат дека се злоупотребени од други институции.

„Ќе знаеме точно колку е довербата во судство, колку е довербата на судски совет и дефинитивно, да не се шпекулира со бројки, 2, 4, 11, 24. Тогаш ние ќе излеземе точно конкретно и може да кажуваме колку ни е процентот на доверба. Вака само слушаме од други институции што прават анкети и се прикажува само најлошото“, изјави Селим Адеми, Член на Судски совет.

Предлогот на Адеми не доби поддршка, зашто невладините кои ја следат работата на судовите, веќе спровеле таква анкета, а резултатите ќе ги објават утре. Неофицијално, анкетираните граѓани на судскиот систем му поклониле поголема доверба од досегашните два отсто