Прегазена 22-годишна девојка, починала на лице место

0
1077

Почина млада девојка од Скопје, откако ноќеска, 15 минути пред полноќ, била прегазена на „Партизанска“ во близина на пекарницата „Силбо“

На 29.01.2025 вo 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Скопје, удрило во пешакот Ф.К.(22) од Скопје.