Жалбениот совет на Судот на Босна и Херцеговина денес донесе конечна пресуда и го осуди претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на една година затвор и шест години забрана за политичка активност поради неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит.
Додик ќе мора да престане да ја извршува функцијата претседател на Република Српска 6 години, објасни Судот, наведувајќи дека ова е заштитна мерка. Со тоа Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда и ги отфрли жалбите на одбраната на Додик и на Обвинителството на Босна и Херцеговина.









