Најпосакуваниот кандидат“ од СДСМ, за градоначалник на Скопје, стана дел од тимот на Орце Ѓорѓиевски

0
368

Името на Мишко Ралев, се спомнуваше како најпосакуван избор за кандидат на градоначалник на Скопје во редовите на СДСМ за есенските локални избори, но тој од денеска е дел од тимот на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

– Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас. Академската заедница и научно-истражувачката дејност на реномираните професори секогаш ќе имаат отворена врата и заслужено место во визијата за напредно и современо Скопје. Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина! – напиша Ѓорѓиевски на социјалните медиуми, објавувајќи фотографија од средба со професорот.

Ралев е декан на факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Во времето на Димитар Ковачевски како партиски лидер, членуваше во Извршниот одбор на СДСМ.

Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и поранешна министерка за животна средина и просторно планирање е кандидатот на опозициската партија.