ДОЖДОТ ГО СПАСИ ЈАСЕН По 10 дена битка, огнот е ставен под контрола, информира Ангелов

0
246

Дождот што утрово заврна на подрачјето на ловиштето Јасен придонесе за конечно гаснење на големиот шумски пожар кој траеше повеќе од десетина дена.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, врнежите кои траеле повеќе од два часа овозможиле пламените јазици да бидат изгаснати, но на теренот сè уште има жешки точки.

– И покрај поголемата количина на дожд, на одредени делови од пожарната линија може да се забележи чадење. По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз местата кои покажуваат знаци на горење. Теренот дополнително ќе биде пребаран со дронови со термални камери – изјави Ангелов.

Екипите на ЈП „Јасен“ и натаму ќе патролираат, сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат