УХМР: Денеска ќе дува засилен ветер, наместа со брзина од 70 километри на час

0
328

Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека во текот на денешниот ден во големиот дел од државата ќе дува засилен ветер, наместа со брзина од 70 километри на час.

Засилен ветер ќе дува во источниот дел од земјата, и во југозападниот, додека во Скопје и околината ќе дува со нешто помал интензитет.

Ветерот ќе доаѓа од западен правец, соопштува УХМР.