Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го примил поранешниот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, кој случајно е и независен кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира, објави Ќира на социјалните мрежи.
На официјалната средба во Собранието, Гаши, чијашто функција е неспоива со фаворизирање кандидати на избори, „му посакал успех на Ќура во претстојната изборна трка“ во Струга, според објавата на Ќира на „Фејсбук“.
Ќира, кој на средбата се појавил во опуштено издание со патики, изразил „благодарност за досегашната соработка помеѓу Стопанската комора и институцијата која ја води Гаши, нагласувајќи ја потребата таа соработка да продолжи и да се зајакне во интерес на бизнис-заедницата“, пишува во објавата
Од своја страна, Гаши изразил „задоволството од воспоставените односи“ и „му посакал успех на Ќира во претстојната изборна трка за градоначалник на Струга“.
Според Ќира, предизборната средба во законодавниот дом има завршила во добро расположение:
„Двете страни се обврзаа дека ќе продолжат соработката во релевантните области, при што си посакаа здравје и успех“, пишува тој.
Увертира на денешната средба беше вчерашниот прием кај Гаши на претставници на актуелното раководство на Стопанската комора на северозападна Македонија.









