ТАЖНА ВЕСТ: Утрово во Скопје почина една од најголемите македонски пејачки

0
1469

Утрово во Скопје почина Милка Ефтимова, оперска примадона која настапувала во повеќе од 20 земји во светот. Имаше 89 години. Веста за смртта на Ефтимова за СДК.мк ја потврди нејзината ученичка, оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова.

Се слушнавме пред два дена. Ми рече дека не е добра, но се надева дека ќе биде подобра. Утрово, нејзиниот внук ми јави дека починала. Редовно се слушавме и ја посетував. Таа беше моја професорка осум години и ми ја следеше целата кариера и сите настапи. Во секое време знаеше каде ќе настапувам следно, ми беше голема поддршка“, рече Ѓиновска-Илкова за СДК.мк.