Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска полициски службеници од ОВР Крива Паланка нашле починато лице во близина на пожар во село Лозаново, Кривопаланечко. Во присуство на јавен обвинител се врши увид и подоцна ќе бидат соопштени причините за смртта на човекот.
Градоначалникот Сашко Митовски бара помош, бидејќи пожарот излегува од контрола. Рече дека државата сè уште не пратила помош, ги повикува и граѓаните да излезат на терен и да гасат.
Доцна попладневно, повторно се разгоре и пожарот во Чучер-Сандево, а претходно и кај касарната „Ѓорче Петров“ во Ско.пје.









