Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја стресе Албанија, почувствуван е и во земјава

0
681

Податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје велат дека земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на земјава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како што информираат оттаму, потресот бил регистиран во 5:04 часот на околу 158 километри југозападно од Скопје со епицентар во Република Албанија.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од пет километри.

Досегашните податоци на Сеизмолопшката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје велат дека земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ФБ ПОСТ