„Излегувај, се запали Пулс“, Се појави ново видео од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

0
553

Се појави ново видео од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Додека гори плафонот, присутните не се свесни што се случува.

Во еден момент се создава паника и луѓето се упатуваат кон излезот.

„Излегувај, се запали Пулс“, се слуша на видеото.


Во пожарот кој се случи на 16-ти март во дискотеката во Кочани загинаа 59 луѓе, а над 180 беа повредени.