Саубермахер со новости за плаќање и подобрување на услуги преку онлајн платформа

0
469

Со цел да го олесниме процесот на плаќање и да ги подобриме услугите за нашите ценети клиенти, воведовме нови функционалности на нашата онлајн платформа, објавија од компанијата Саубермахер компанија која менаџира со сметот во Тетово.

Подолу се сите новости за плаќање кои ги најавува компанијата.

1. Плаќање за повеќе локации:
Од сега, нашите клиенти имаат можност да извршат едно плаќање за повеќе локации на истовремено. Оваа новина го олеснува процесот за сите клиенти: и за правните лица и за физичките лица.

2. Онлајн барање за промена на податоци:
Покрај плаќањето, клиентите сега можат и да поднесат онлајн барање за промена на нивните податоци, во однос на точна адреса за доставување на фактура, директно преку платформата. Воедно, може да се поднесе барање за промена на назив на сопственик/корисник, улица и број, влез, и број стан, при што процесот е едноставен и брз.
Како да ги користите новите функции?
• На почетната страна (Профил), може да се додава ново место на потрошувачка (шифра на корисник, и број на фактура)
• За плаќање на повеќе фактури од повеќе локации, едноставно изберете ги фактурите од било кое место на потрошувачка, и извршете едно вкупно плаќање за сите.
• За поднесување барање за промена на податоци, кликнете го линкот „Промени податоци“ и пополнете ги соодветните полиња.
Безбедност и поддршка:
Како и секогаш, безбедноста на вашите податоци е наш приоритет. Нашата онлајн платформа е опремена со најнови безбедносни мерки за сигурност на вашите плаќања и лични информации. Ако имате било какви прашања или потреба од помош, нашиот тим за поддршка е секогаш достапен за вас.
За повеќе информации и да започнете со користење на новите функции, посетете ја нашата платформа https://saubermacher-tetovo.mk.
Ваш,
Saubermacher Tetovo

ПР објава