И ФИЛИПЧЕ ИСТО КАКО ЗАЕВ ЗА КУФЕРЧЕ ПАРИ ЌЕ ГИ ПРОДАДЕ МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ“ Се докажа дека Заев уште го води СДСМ, посочи ВМРО-ДПМНЕ

0
191

Се докажа дека поранешниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Зоран Заев ја води партијата, додека актуелниот Венко Филипче е само статист во целата приказна. Ова е денешната реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера поранешниот претседател на СДСМ и експремиер, Зоран Заев, вчера во ретка објава на социјалните мрежи остро и категорично ги негираше тврдењата на актуелниот премиер Христијан Мицкоски за наводните „куферчиња пари од поранешен премиер на Бугарија“, оценувајќи ги како лаги и клевети.

„Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев. Со неговото јавување се гледа кој е вистинскиот лидер, кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму сметаат дека СДСМ, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, што веќе ги имаат прегазено на штета на македонскиот народ.

Како што земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис“,се вели во реакцијата од владејачката партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа што Заев вели дека не земал куферче со пари од Бугарија, не значи дека е вистина, оти самиот обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвара прашања за вистинитоста на неговите тврдења.

„Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор не е резултат на политичка волја, туку на финасиски интерес. Како што Заев ја продаде државата, така Филипче е подготвен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче. Затоа Филипче молчи за Заев и неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите“,пишува во соопштението од партијата.

Од партијата на власт велат дека нема да дозволат уште еден, како што го нарекуваат бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ.