Убиен судија во Тирана – ЗАСТРЕЛАН ВО СРЦЕ ДОДЕКА ЈА ИЗРЕКУВАЛ ПРЕСУДАТА

0
254

Судијата на Апелациониот суд во Тирана, Астрит Калаја, беше застрелан денес во судницата. Околу 15:40 часот, додека ја објавуваше пресудата во имотен спор, Калаја беше застрелан во срцето од еден од учесниците во судењето, триесетгодишниот Елвис Шкамби, кој беше страна во спорот. Според првите информации, обезбедувањето на влезот не го спречило Шкамби и тој влегол вооружен во судот, пишуваат албанските медиуми.

Откако беше објавена одлуката, која, според сторителот, отишла во корист на спротивната страна, тој извадил пиштол и директно пукал во судијата Калаја.