Иако пред два дена во емисијата Клик Плус на ТВ21, претседателот на Беса, Билал Касами, најави дека на седница, партиското раководство може да одлучи Фатмир Лимани да биде повлечен од Владата, синоќа развојот беше поинаков. Наместо Лимани, беше разрешено целото партиско раководство.
Но, по пристигнувањето во седиштето на Движењето Беса, Фатмир Лимани се застана пред медиумите и испрати порака до Касами дека не е сам и дека во иднина може да има 15 пратеници.
Очекувам зрелост, јасност и активности кои одговараат на нивото на зрелите политичари. Не смеат да ја нарушат структурата на ВЛЕН, бидејќи тоа би значело чекор назад. Се создава простор за другите структури да се вклучат и да станат дел од владата. Ако ме гледаат само како поединец, јас не сум само поединец – утре можам да имам 15 пратеници, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.
Касами пред медиумите не се концентрираше на разрешувањето на Лимани, туку најави дека на партискиот состанок е дискутирано за работата на функционерите на Движењето БЕСА во владата, каде според него, партијата има повеќе капацитет отколку што е искористен, и најави дебата за квалитетот на нивната работа во извршната власт
Претседателот на Беса вчера одговори и на ставот на Мицкоски, кој рече дека тој е мандатар и дека одлучува за имињата во владата, вклучувајќи го и Лимани.
-Станува збор за политичка влада и додека станува збор за политичка влада, учесници во владата се и политичките партии. Додека ние сме дел од таа влада, ќе имаме целосно право да ги предлагаме нашите министри во владата, изјави претседателот на Беса, Билал Касами.









