Храната поскапа за над 5 отсто – скокнале и трошоците за вода, за струја и за домување

0
71

За над 5 отсто поскапа храна сме купувале во јануари во однос на истиот месец лани. За овој период статистика измери и повисока инфлација од 3, 2 проценти.

Најголем скок на цените се забележува повторно кај овошјето, единствено поевтинување има само кај зеленчукот.

Иако во однос на инфлацијата од 4,1 процент, со колку што ја завршивме 2025 година, сега има благо попуштање, повторно се забележува дека за една година, поскапување има во речиси сите ставки, освен кај транспортот и услугите во образование.