Локалните избори ќе бидат распишани на 8-ми август, првиот круг најверојатно на 26-ти октомври

0
757

Локалните избори во Република Македонија ќе бидат распишани на 8-ми август, а првиот круг најверојатно ќе се одржи на 26-ти октомври, јави Канал 5 телевизија.

Според предвидениот рок од 60-90 дена од датумот на распишување на изборите, извесно е дека првиот круг ќе се одржи на 26-ти октомври, а вториот, две недели подоцна, на 9-ти ноември 2025 година.

Но, она што е неизвесно дали тие ќе се одржат со променет Изборен законик и каква ќе биде позицијата на граѓанските иницијативи во изборната трка, по правниот вакуум што настана откако Уставниот суд ги укина членовите со кои се крена прагот за потребни потписи за независните, но пратениците од власта и опозицијата здружно во Собранието повторно поднесоа законски измени за зголемување на бројот на потписи за независните.

Вака предложениот Изборен законик сега е заглавен во Собранието поради блокирањето од ДУИ и немање Бадентерово мнозинство.