Findzzer: Иновативна Социјална Мрежа за Бизниси и Настани

0
879

Студенти од Македонија дојдоа до иновативна идеја и создадоа мобилна апликација Findzzer, која има за цел да им помогне на луѓето да откриваат нови настани и активности. Целта на апликацијата Findzzer е да ви помогне да откриете настани кога се наоѓате на непознато место или кога сакате да пронајдете нешто интересно што се случува во вашата околина. Findzzer е тука за вас кога се наоѓате на непознато место и барате интересен настан, апликацијата ви помага брзо и лесно да откриете што се случува околу вас. Со помошта на Findzzer, лесно можете да најдете настани кои се точно по ваш вкус.

Findzzer не е само апликација која придонесува на корисниците, тоа е и  социјална мрежа за промовирање и подобрување на бизниси, место каде секој може да најде настани според своите потреби. Оваа иновативна платформа им овозможува на корисниците да истражуваат разни активности, од културни фестивали до работилници и настани, вели Марио Бојаровски, основач на Findzzer.

Што нуди Findzzer?

Ако сте локал, бизнис, претприемач:

Можете да креирате профил за вашиот бизнис и да креирате настани што ги организира вашиот бизнис.
Дополнително, Findzzer овозможува увид во извештаи за секој настан и бизнис. Овие извештаи можат да ги гледаат само оние што ги креирале бизнисите, што обезбедува приватност и контрола, со што угостителите/газдите имаат реални резултати и статиски за нивните настани
Има и опција за додавање менаџер, кој може да управува со бизнисот за кој е назначен, што ја зголемува ефикасноста на управувањето

Ако сте обичен корисник:

Имате пристап до мапа со настани околу вас, што ви дава лесен и детален преглед на се што се случува/би се случувало во вашата околина.
Можност за избирање на опцијата join, со која кажувате дека одите на настанот, па добивате листа од други корисници кои исто се приклучиле, со кои што можете да стапите во контакт
Можност за креирање сопствени/приватни настани, идеално кога имате различни групи на луѓе кои сакате да ги поврзете преку една платформа. На приватните настани, пристап имаат само оние кои го имаат кодот за приклучување, така што забавата останува приватна.

Со оглед на тоа што ваква апликација не постои на пазарот, Findzzer носи голем потенцијал за развој и раст.

„Со Findzzer, сакаме да им помогнеме на луѓето полесно да најдат настани и информации за тие настани, а исто така и на бизнисите да им помогнеме да ги промовираат своите настани и да ја зголемат присутноста “, вели Марио Бојаровски. Кога го прашавме Марио што му претставуваше најголем предизвик во реализирањето на оваа идеја, тој ни одговори: “Најголем предизвик беше недостатокот на ресурси. Но, со упорност и посветеност, успеавме да ги надминеме овие пречки.” Сепак, сега очекуваме нови предизвици, како што се промоцијата на апликацијата, барањето спонзори и подигање на сè ова на повисоко ниво.

Апликацијата е достапна на iOS и Android.

Клучни карактеристики на Findzzer:

Истакнување на бизнисите: Findzzer им помага на бизнисите да ги рекламираат своите настани и да ја зголемат видливоста на нивните услуги.
Анализи за настани и бизниси: Апликацијата нуди детали за секој настан и бизнис, достапни само за оние што ги креирале бизнисите, со опција за додавање менаџер за управување.
Лесно откривање на настани: Корисниците можат да откриваат настани прилагодени на нивните интереси, да создаваат персонализирани известувања и да управуваат со приватни собири.
Запознавање со нови личности: Можност за запознавање со луѓе кои се присутни на истите настани.
Креирање на приватни настани: Можете да креирате приватни настани со свој код, на кој може да влезе само оние кои го имаат тој код.

Посетете ја веб-страницата www.findzzer.com за повеќе информации и симнете ја веднаш!