Македонија има надеж: Студентите се самоорганизираат! Во понеделник сите во 13:00 пред платото на УКИМ! Ќе се одлучува за следните чекори

0
2854

„Во име на студентската автономија, НСС УКИМ ги повикува сите студенти на пленум во понеделник во 13 часот на платото на УКИМ. Ова се наши факултети, наше право е да одлучуваме!

Не ни треба бирократско тело кое работи зад наш грб. Време е студентите да одлучуваат за своите факултети, а не второстепеното бирократизирано тело УСС.

Ги повикуваме сите факултетски собранија да го следат примерот на ФСС ФЗФ и да го делегитимираат телото кое не ги претставува студентите.

Во понеделник, сите на платото – студентската автономија не се моли, туку се брани“ стои во соопштението испратено до редакцијата на Инфомакс.

Infomax