Маскирани лица нападнале млади скопјани додека славеле Водици во Тетово

0
269

Полициски службеници од СВР Тетово во понеделникот (19.01.2026) околу 20:10 часот во населбата Дреновец го лишиле од слобода Р.Е. (23) од Тетово, познат како водач на навивачка група.

Според полицискиот билтен, Р.Е. се сомничи дека околу 19:20 часот на улицата „Иво Лола Рибар“, заедно со повеќе лица со маски на главите, физички ги нападнал А.Ј. (22) и Д.П. (22), двајцата од Скопје. Нападот се случил додека оштетените го прославувале големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Во нападот биле употребени тврди предмети, при што А.Ј. се здобил со телесни повреди, а било оштетено и нивното патничко возило „Мазда 3“.

Осомничениот е задржан во полициска станица, извршен е увид на местото на настанот, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.