Камион излета во провалија кај Деве Баир, возачот загина на лице место

0
276

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила рано утринава на магистралниот пат од граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, во атарот на селото Узем.

На 21 јануари 2026 година, околу 04:50 часот, товарно возило марка „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Х. од Косово, излетало од коловозот и паднало во длабока провалија.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

На местото на несреќата бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Причините за несреќата се утврдуваат.