Мечка усмртила 10 овци во тетовско Камењане

0
108

Мечка усмртила 10 овци во импровизирана штала над тетовското село Камењане, информираат од СВР Тетово.

Според пријавата, вчера околу 14:30 часот во Полициското одделение Камењане, 69-годишниот Ф.Р. од селото пријавил дека дивото животно нападнало во местото викано „Душки“, на патот кон селото Јеловјане.

Од полицијата соопштија дека увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.