Нашите херои во „сенка“: Комуналните работници – столбот на чист и здрав град

0
290

Во нашиот град, каде што за жал насекаде се среќаваме со несовесно фрлен отпад, постојат само мал број луѓе кои се трудат да го одржат за сите чисто целокупното опкружување. Тоа се нашите комунални работници за кои можеме да кажеме дека се вистински херои кои често остануваат незабележани, но нивната работа е од суштинско значење за сите нас.

Замислете ја тежината на нивната задача: секојдневно се соочуваат со преполните контејнери или со купишта од отпад, оставени без грижа од несовесни поединци. Нивната работа е физички напорна и честопати се одвива во нехигиенски услови. Тие не бираат време – работат во раните утрински часови, под жешкото сонце и честопати во студените трети ноќни смени, додека ние спиеме мирно во нашите домови.

Со секое собрано ѓубре, со секоја исчистена улица, тие не само што го подобруваат изгледот на нашиот град, туку и го штитат нашето здравје и животната средина. Нивната посветеност е клучна во борбата против загадувањето и ширењето на болести.

Треба да бидеме свесни дека комуналните работници ја вршат една од најтешките и најважните работи во нашиот град. Тие се првата линија на одбрана против хаосот што го создава неодговорното однесување на некои од нас.

Затоа, апелираме до сите граѓани: покажете поголема свест и одговорност кон животната средина. Фрлајте го отпадот на соодветните места во кантите и контејнерите и така почитувајте го трудот на овие вредни луѓе.

Воедно, сакаме да им дадеме признание и огромна благодарност на сите комунални работници за нивната неуморна работа и посветеност. Вие сте столбот на нашиот град и без вас, нашата реалност би била многу поразлична и полоша. Вашата работа е од непроценливо значење и заслужувате наше длабоко почитување и поддршка.

Да работиме заедно за почист и поубаво Тетово – со почит кон оние кои секојдневно се грижат за тоа!

Саубермахер-Тетово
ПР објава