На колена преку пешачки премин – скопјанец хит на денот (ВИДЕО)

0
157
Screenshot

Скопјанец стана хит на денот. Станува збор за граѓанин кој беше забележан како се движи на колена додека преминуваше пешачки премин на еден од булеварите во Скопје.

Причината за ова, како што може да се забележи, е замрзнатата улица, па за да избегне можно лизгање, граѓанинот клекна на колена и, потпирајќи се со рацете на асфалтот, ја премина улицата од едната на другата страна.

Само во првите два часа од објавувањето на социјалните мрежи на ТВ21, видеото надмина 100 илјади прегледи, со илјадници реакции и коментари. Коментарите беа и смешни, но и иронични.

Меѓу нив, некој напиша дека ќе добие казна од системот „Сејф сити“, друг коментираше дека заборавил да ги смени летните гуми, додека трет напишува дека со погон „четири по четири“ е побезбедно.